Зошто Северна Кореја го промени Уставот, со кој Ким Џонг Ун стана претседател на државата?

Фото: Твитер

Северна Кореја донесе нов устав во кој официјално го именуваше Ким Џонг Ун како шеф на државата и главен командант на севернокорејската армија.

Според аналитичарите, постои можност целта на новиот устав на Северна Кореја да е дел од подготовките за мировен договор со САД, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Северна Кореја долго повикуваше на мировен договор со Соединетите Американски Држави за да се нормализираат односите помеѓу овие две земји и да се стави крај на технички војната која се води и трае од завршувањето на Корејската војна. Имено, по завршувањето на Корејската војна во 1953-та година, беше потпишано примирје, но не и мировен договор.

Во новиот устав кој го објавија севернокорејските државни медиуми е е наведено дека Ким е претседавач на Комисијата за државни работи, највисоко управно тело воспоставено во 2016-та година, како и врховен претставник на корејскиот народ, што значи и шеф на државата и главен командант.

Во претходниот устав, Ким беше означен како „врховен лидер“ кој што има команда над сите воени сили на Северна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот