Ким Џонг-ун изврши инспекција на новата подморница

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изврши инспекција на новоизградената подморница и побара од официјалните лица дополнително да ги зајакнат воените капацитети на земјата.

Локалните медиуми објавија дека Ким изразил „големо задоволство” од подморницата откако бил запознат со оперативните и тактички податоци и оружените системи.

Ким ја нагласи потребата за постојано и сигурно зголемување на способноста за одбрана на земјата, насочувајќи големи напори кон развој на поморското оружје и опрема, како што е подморницата.

Изградбата на новата подморница укажува дека Северна Кореја ја зголемува својата воена способност и покрај нуклеарната дипломатија со САД која почна минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот