Ким Џонг Ун го поканил Трамп на состанок во Пјонгјанг

Фото: EPA-EFE/KCNA

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун го поканил американскиот претседател Доналд Трамп на состанок во Пјонгјанг, објави денеска  јужнокорејскиот весник „Чунан Илбо”.

Според весникот, поканата била содржана во писмото испратено од Ким до Трамп во втората половина на август.

Како што претходно беше објавено, Трамп не исклучи нова средба со лидерот на Северна Кореја пред крајот на оваа година. Лидерите на двете земји досега се сретнаа три пати – во Сингапур и Ханој, како и во демилитаризирана зона меѓу Јужна и Северна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот