Ким Џонг-ун често знае да биде суров: Еве што сѐ е казниво со смрт во Северна Кореја

Светот е шокиран со веста дека севернокорејската армија убила а потоа го запалила телото на еден јужнокорејски службеник кој пробал да влезе во територијата на Северна Кореја. Меѓутоа, овој ужасен настан не треба да зачудува, туку да се земе во обзир суровоста на тамошниот режим.

Во Северна Кореја, власта предводена од Ким Џонг-ун редовно врши егзекуција и над сопствените службеници, кои од некоја причина, престануваат да бидат во негова милост. Меѓу неговите жртви се и членови на неговата фамилија.

Севернокорејската армија уби и запали јужнокорејски службеник, Ким се извини за инцидентот

А што е со обичниот народ? Севернокорејците, но и странците кои престојуваат во таа земја мораат да бидат многу внимателни, бидејќи можат да останат без глава и заради најситните грешки. Еве некои работи кои можат да бидат најстрого казнети во Северна Кореја.

Алкохол

Граѓаните можат да пијат алкохол само на посебни празници. Еден севернокорејски службеник бил фатен во 2012 година како пие за време на 100-дневниот период на жалост заради покојниот лидер Ким Џонг-ил. Ким Џонг-ун побарал службеникот да биде „избришан“, од него да не остане ниту трага. Затоа го разнеле со граната.

Гледање телевизија

На граѓаните им е забрането да гледаат било што друго освен државна пропаганда. Во последните неколку години Северна Кореја јавно погубила повеќе од стотина луѓе заради гледање на јужнокорејска телевизија.

Религија

Во Северна Кореја технички постои практикување на различни религии. Меѓутоа во 2013 година 80 христијани биле јавно погубени, бидејќи кај нив биле најдени Библии.

Музика

Музиката во Северна Кореја е контролирана од државата и таа мора да го величи режимот. Западната музика се смета за злосторство против државата и нејзино емитување носи смртна казна.

Комуникација со надворешниот свет

Меѓународните повици се казниви со смрт. Во 2013 година, маж од Северна Кореја бил јавно стрелан заради повикување на свој пријател од Јужна Кореја.

Патување во странство

Најголемото злосторство во Северна Кореја е напуштање на земјата. Оние кои сакаат да побегнат од земјата ќе пробаат да најдат спас во Кина, но ако ги фатат, ќе бидат присилно вратени и погубени.

Порнографија

Правење, продажба, па дури и само гледање на порнографија може да донесе до смртна казна. Во 2013 година било пријавено дека лидерот Ким Џонг-ун наредил да биде погубена неговата поранешна девојка пред нејзината фамилија, бидејќи наводно учествувала во снимање на порнографија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот