Километарски колони на Плетвар, превртено тешко товарно возило кај Топлица

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Километарски колони по 16 часот има на планинскиот превој Плетвар, поради превртено тешко товарно возило кај местото Топлица.

– Тешко товарно возило околу 16 часот се преврте на патниот правец Прилеп – Градско кај местото Топлица.  Сообраќајот е прекинат за сите видови возила, лесни патнички и тешки моторни возила – камиони, информира АМСМ.

Засега не е позната причината за несреќата, а полицијата прави увид на местото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот