Килијан Мбапе е желбата на Зидан (ВИДЕО)

фото: твитер

Во тековната сезона, Французинот има одиграно 33 мечеви на сите натпреварувања, во кои постигна 30 голови и запиша четири асистенции.

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе (21), би можел да ја продолжи својата професионална кариера во Реал Мадрид.

Според зборовите на новинарот Никола Скира на Твитер, овој фудбалер е голема желба на тренерот на „кралскиот“ клуб, Зинедин Зидан.

Но, париските „светци“ немаат намера така лесно да се ослободат од услугите на еден од најперспективните играчи во светот.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо на фудбалерот му нуди договор до 2025 година со двојно зголемување на платата.

До прекинот на сезоната Французинот имаше 33 мечеви на сите натпреварувања со учинок од 30 голови и четири асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот