Кили се пофали: Ќе добијам внук!

Актерот Кирил Поп Христов наскоро ќе стане дедо! Неговата ќерка Јоана е во осмиот месец од бременоста и го очекува првото дете. Јоана ќе се поради во Еквадор каде и живее и од каде и е нејзиниот сопруг.

Кили во интервју за „Ексклузив“ открива дека новиот член на семејството ќе биде момче и дека ќе носи две презимиња, односно презимето на мајката мајката и презимето на таткото, како што налагаат обичаите во Еквадор.

Кили во разговорот најави и дека и се враќа на својата љубов – театарот, а на прашањето на водителката која улога ја очекува, тој се насмевна и одговори дека следна ќе му биде улогата на дедо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот