Кил направи голем чекор кон четвртфиналето во ЛШ

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите денеска Кил славеше на гостувањето кај Пик Сегед со резултат 28:33.

Германскиот великан со оваа победа против унгарската екипа направи голем чекор на патот кон четвртфиналето.

Најзаслужни за триумфот беа Сагосен со осум голови, а еден помалку запиша Реинкинд.

На спротивната страна Раивојевиќ имаше шест, а Калман со четири.

Реваншот е на 7 април, а потсетување дека Вардар 1961 својот прв меч против Веспрем ќе го има в четврток во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот