Киксот на Пандевци го остави Вардар лидер на табелата

фото: ФК Борец

Екипата на Борец направи вистински подвиг во 12. коло со победата над Академија Пандев од 1:0. Единствениот гол на средбата беше дело на Никола Прелчец во 80.минута.

Со победата Борец му избега на четири бодови на Работнички кој е закован на дното на табелата, а исто така му направи и услуга на Вардар кој пак е лидер во првенството со 27 бодови, три повеќе од Академија Пандев.

Актуелниот првак Шкендија и под водство на новиот тренер Ернест Ѓока игра променливо. Овој пат Шкендија ремизираше на гостувањето кај Македонија ЃП играјќи 0:0.

Ренова и Шкупи одиграа без победник (2-2). И во двата наврати Ренова прва постигнуваше гол за водство, прво Фисник Зука, а потоа и Ненад Мишковски,но Шкупи до бод дојде благодарение на головите на Марин Јурина и на Фатјон Јусуфи.

Силекс благодарение на голот на Иван Ивановски во 64.минута дојде до триумф над Струга Трим Лум.

ПРВА ЛИГА, 12.КОЛО
Македонија ЃП – Шкендија 0:0
Силекс – Струга ТЛ 1:0
Борец – Академија Пандев 1:0
Ренова– Шкупи 2:2
Работнички – Вардар 0:2

Табела: Вардар 27, Академија Пандев 24, Шкупи 17, Македонија ЃП 17, Шкендија 15, Силекс 15, Струга ТЛ 14, Ренова 14, Борец 14, Работнички 10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот