Кикс на Интер, сега Милан е во пол позиција за титулата во Серија А

Интер поразен на гостувањето во Болоња/ фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Фудбалерите на Болоња приредија големо изненадување победувајќи го Интер со 2:1 во заостанатиот натпревар од 20 коло во Серија А. Со победата над фаворизираниот противник, Болоња му направи голема услуга на Милан кој на четири кола до крајот на сезоната, остана лидер на табелата со 74 бода, два повеќе од Интер.

Трагичар на натпреварот е резервниот голман на Интер, Раду кој го менуваше меѓу стативите, повредениот Самир Хандановиќ. Имено, во 81. минута, Иван Перишиќ од аут додаде до Раду, но голманот ја промаши топката и тоа го искористи Сансоне за да го постигне победничкиот гол за Болоња.

Почетокот на натпреварот не навестуваше вакво сценарио бидејќи Интер поведе уште во третата минута со голот на Перишиќ. Но, домашниот тим во 28 минута дојде до израмнување благодарение на Марко Арнаутовиќ. Потоа, „нераѕурите“ доминираа на теренот, имаа 26 шута од кои седум во рамките на голот, но не успеаја да постигнат уште еден гол и во финишот поради киксот на Раду загубија.

Одличен натпревар во Бергамо одиграа Аталанта и Торино кои постигнаа дури осум гола.
Гостите поведоа во четвртата минута со голот од пенал на Санабрија, за потоа Аталанта за пет минути преку Муриел и Де Рон да направи пресврт во 23 минута.

Потоа на сцена стати Саша Лукиќ, кој прво во 36 минута го израмни резултатот, а во 63 минута му носи водство на Торино. Пет минути подоцна Фројлер си даде автогол за 2:4. Но, фудбалерите на Аталанта не се предадоа и со головите на Пашалиќ во 78. и на Муриел 84. минута успеа да се спаси од пораз.

Вистинско изненадување направи Удинезе кој во Фиренца славеше со убедливи 4:0 над Фиорентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот