Кикс на Интер на стартот од ЛШ (ВИДЕО)

Екипата на Интер ги разочара своите навивачи играјќи само 1:1 против Славија Прага во првото коло од Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ иако имаа теренска иницијатива во првото полувреме, не успеаја да го совладаат голманот на чешкиот шампион, Колар.

Во второто полувреме, Питер Олаинка ги шокира домашните фанови со голот во 63 минута, најавувајќи сензација на „Џузепе Меаца“. Сепак, Интер успеа да на крајот да се спаси од пораз со голот на Николо Барела во 92 минута.

Во вториот натпревар помеѓу Олимпик Лион и Зенит идентичен резултат 1:1.
Азмун му донесе предност на рускиот шампион во 41. минута, за во второто полувреме, Мемфис Депај со прецизен удар од белата точка да го израмни резултатот кој на крајот се покажа како конечен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот