Кикс на Интер, Милан со пресврт до бодовите (ВИДЕО)

Фаворитот за титулата втор натпревар по ред не успева да дојде до победата.

Екипата на Интер второ коло по ред не успева да дојде до победата, овој пат ремизира на гостувањето кај Лече (1:1).

Иако имаа иницијатива во текот на целиот натпревар, „нероаѕурите“ до предноста дојдоа во 72. минута преку Бастони. Сепак, радоста на гостите траеше само пет минути, Манкосу во 77. минута го постави конечниот резултат.

За разлика од Интер, во таборот на Милан со ангажманот на Златан Ибрахимовиќ почна да победува. Во втората победа по ред, „росоњерите“ дојдоа со пресврт и гол за победа во судиското продолжение.


Удинезе поведе преку Ларсен уште во шестата минута, а фудбалерите на Милан се разбудија во вториот дел кога во игра влезе Хрватот Анте Ребиќ. Тој прво 48. минута израмни, а во 93. минута го постигна победничкиот гол за 3:2. Претходно за Милан погоди и Тео Ернандез, додека Лазања стрелаше за Удинезе.

Останатите два попладневни натпревари помеѓу Болоња и Верона (1:1) и Бреша- Каљари (2:2), завршија со поделба на бодовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот