Кикс на Борусија во Берлин (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд сосема неочекувано го доживеа првиот пораз во новата сезона во Бундес лигата, губејќи на гостувањето кај Унион Берлин со 3:1. Киксот на Борусија го искористи Лајпциг кој сега е лидер на табелата со масксимални девет бодови.


Изненадувањето го најави Мариус Бултер со голот во 22. минута, иако Пако Алкасер само три минути подоцна го израмни резултатот. Домашните фудбалери во второто полувреме покажаа дека не признаваат фаворити и со головите на Бултер и на Андерсон ја заверија победата.

За разлика од Борусија, големиот ривал Баерн Минхен го торпедира Мајнц со 6:1 и се искачи на второто место на табелата со седум бодови по три
кола. Павар, Коман, Алаба, Перишиќ, Левандовски и Дејвис им приредија вистинско гол шоу на своите навивачи на „Алијанц Арената“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот