Кикиљас: Вакцинацијата е најважното оружје во градењето ѕид на имунитет против коронавирусот

Василис Кикиљас / Фото: ЕПА

Вакцините ќе бидат ефикасни и безбедни и ќе ја променат ситуацијата, ќе создадат имунитет и полека ќе нè вратат на работа, ќе ни го вратат социјалниот живот и нашето секојдневие, пишува министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во неговата колумна за весникот „Та неа” , јави дописничката на МИА од Атина.

Сепак, истакнува дека во ниту еден случај, додека да заврши целиот процес, не смее да се заборави на самозаштитата.

– Сега кога гледаме дека има светлина на крајот од тунелот, треба да бидеме посветени на придржување до мерките за заштита. Се вакцинирам и истовремено ги почитувам правилата за јавно здравје, што значи дека се штитам себеси, го штитам семејството, оние околу мене, пишува Кикиљас за весникот.

Вели дека вакцинацијата е дел од решението и е најважното оружје во градењето „ѕид на имунитет против коронавирусот”.

– Оваа зима се соочуваме со најголемиот предизвик во нашата модерна историја. Грција никогаш не беше спасена од многу зборови. Се спаси и уште еднаш ќе се спаси со храбри одлуки и големи дела, пишува министерот за здравство.

Кикиљас во колумната за „Та неа” потенцира дека земјата обезбедила 25 милиони вакцини, а месечно ќе се вакцинираат два милиони граѓани во 1.018 центри во целата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот