Кикиљас: Повеќе случаи на Ковид-19 имаме од копнените граници, отколку од авиолиниите

Василис Кикиљас / Фото: ЕПА

Ме загрижува одредената опуштеност, но од друга страна со смиреност и професионалност и со план ќе се справиме, чекор по чекор со било која ситуација и да произлезе,  вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Стар”,  јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на позитивните случаи на Ковид-19 кај туристи кои доаѓаат во Грција, Кикиљас вели дека повеќето се од копнената граница.

-Процените се дека до денес, повеќе случаи имаме од патните мрежи што водат до нашите граници, отколку од летовите од авиолиниите. Сепак, ова е динамично и може да се смени, да се менува во секој  момент, рече Кикиљас и порача дека и грчките граѓани и туристите треба да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките за лична заштита.

И покрај зголемениот број случаи во Грција во изминатите денови, министерот за здравство потенцира дека ситуацијата е под контрола и „нема да оставиме да излезе од контрола”.

Додава дека Комисијата за заразни болести секојдневно има состаноци и на дневна и седмична база ги разгледува и оценува епидемиолошките податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот