Кикиљас: Грција е целосно подготвена за коронавирусот

Паралелно во Министерството за здравство е во тек состанокот свикан од министерот, а по завршувањето, во попладневните часови, тој ќе замине за Солун, каде што е хоспитализирана 38-годишната жена со коронавирусот.

Целосно сме подготвени, нема причина за паника, порача грчкиот министер за здравство, Василис Кикиљас на неговиот официјален „Твитер” профил по потврдениот прв случај на коронавирусот во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

– Првиот случај на новиот коронавирус во нашата земја е потврден. Тоа беше нешто што го очекувавме. Целосно сме подготвени. Не постои причина за паника, напиша Кикиљас.

Паралелно во Министерството за здравство е во тек состанокот свикан од министерот, а по завршувањето, во попладневните часови, тој ќе замине за Солун, каде што е хоспитализирана 38-годишната жена со коронавирусот.

Министерот за здравство ќе одржи состанок во Солун на кој ќе учествуваат префектот, градоначалникот, управителите на здравствените периферии од северна Грција, како и претседателот на грчката медицинска асоцијација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот