-4 C
Скопје

Кикиљас: Грција до следното лето ќе го постигне посакуваниот имунитет кај населението

Вакцината секако е важна станица, бидејќи постепено до летото ќе го постигнеме посакуваниот имунитет кај населението, пишува министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во неговата колумна за весникот „Real news”  и додава дека сепак, дотогаш, националната издржливост ќе биде на тест, јави дописничката на МИА од Атина.

Тој истакна дека во вториот бран од пандемијата, со големата раширеност на коронавирусот меѓу граѓаните, со последиците што ги има врз сите, индивидуално и колективно, и со огромниот притисок врз националниот здравствен систем, „се тестира нашата национална издржливост”, повикувајќи да се почитуваат превентивните мерки.

– Уште еднаш ќе замолам, знаејќи дека сите живееме тешко, знаејќи дека сите сме на своите граници, психолошки, финансиски, социјални, човечки, ајде да вложиме уште еден напор. Да се ​​обидеме да се заштитиме себеси, но и другите, ранливите, слабите. Да се придржуваме кон трите мерки што ќе спасат животи: маска – растојание – антисептик. Не затоа што тоа е наредба од државата, не затоа што е наредба од експертите, не затоа што за тоа следат казни, туку затоа што се грижиме и се заштитуваме едни со други, затоа што во оваа битка сме сите заедно и сите заедно ја градиме нашата национална издржливост, пишува министерот за здравство на Грција.

Прочитајте и...  Под притисок на зголемениот број на случаи со ковид-19: Португалија пред колапс на здравствениот систем

Според планот на грчката Влада, кога вакцината ќе биде достапна ќе има можност да се вакцинираат 2.117.000 лица месечно во 1.018 специјално формирани центри.

Поврзани вести

Се отвораат продавниците во Грција, почнуваат со работа и козметичките и фризерските салони

Слободен печат

Се подобрува епидемиолошката слика во Македонија: Над 4.000 оздравени од ковид-19 за два дена, активни 12.635 случаи

Слободен печат

Реакции од европски држави и САД за апсењето на Навални

Слободен печат

АМСМ: Возете внимателно, снег провејува на Попова Шапка и на „Стража“

Слободен печат

Норвешка воведува задолжителен тест за Ковид-19 на граничните пунктови

Слободен печат

Казната е 135 евра: Глоба за речиси 6.000 Французи за прекршување на „полициски час“ во викендот

Слободен печат

Остави Коментар