Кикбоксерот Илиоски: Спремен сум да покажам дека сум еден од најдобрите борци

Бобан Илиоски се соочи со ново одложување на борба која требаше да се одржи на 27 декември во Белград, Србија. За среќа, на истиот датум во Нови Сад се одржува кик бокс настанот Пилот настан 2 на Батл нет чемпионшип, па така нема да останат залудни подоготовките.
Илиоски во категоријата до 81 килограм во К1 ќе се сретне со Милош Бајовиќ од Србија.
-Купот во Јагодина го сфатив како тренинг пред професионалниот меч. Мислам дека сум добро подготвен, фокусиран, за да го дадам својот максимум. Требаше да се натпреварувам со светскиот првак. Но поради ситуацијава со ковид турнирот се одложи. Во Холандија се спремав за борбите, имав чест да тренирам со најдобрите. За секоја борба сум максимално подготвен. Никогаш не го потценувам противникот. Напорно работам на себе, бидејќи потребна е многу работа и секојдневен тренинг за да бидеш подобар. Секогаш верувам во себе, бидејќи вербата во себе е клучот за постигнување на успех. Јас сум спремен и со нетрпение ја очекувам борбата, вели Илиоски.
Целиот разговор со Бобан Илиоски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот