Кикбоксерите на Работнички Адора со пет медали на „Карловац Опен“

Овој силен турнир се одржа во спортската сала „Младост“, а на истиот учество земаа 2.240 натпреварувачи од вкупно 40 земји.

Во текот на изминатиот викенд, во периодот од 7-9 февруари, КБК Работнички Адора зема учество на реномираниот меѓународен кик бокс турнир „Карловац Опен 2020“.

Ова е втор меѓународен турнир накој што клубот учествува со свои натпреварувачи, од неговото основање, во декември 2019 година. Турнирот се одржа во спортската сала „Младост“, а на истиот учество земаа 2.240 натпреварувачи од вкупно 40 земји.

Според бројот на натпреварувачи и конкуренцијата од која што беа дел голем број освојувачи на медали, овој турнир важи за еден од најпредизвикувачките за натпреварувачите и оправдано ја негува традицијата, реномето, и редовно ја добива целосната поддршка од државата и Хрватскиот кик бокс сојуз.

Натпреварувачката програма на турнирот, опфаќа вкупно 5 дисциплини: К1, Лоу кик, Фул контакт, Кик лајт и Лајт контакт. Кбк Работнички Адора учествуваше на турнирот со вкупно осум натпреварувачи, од кои шестмина имаа успешен настап, и ги остварија следниве резултати:

Марко Тодоров – Постари кадети, Кик лајт/ -42кг – Златен медал, победа против Израел
Огнен Николовски – Постари кадети, Кик лајт/ +47кг – Бронзен медал, победа против Хрватска, пораз од Италија во полуфинале
Ѓуро Томшиќ – Постари кадети, Кик лајт/ -47кг, 5то место
Александар Георгиевки – Јуниор, Кик лајт/ -74кг – Бронзен медал, победа против Израел и пораз против Унгарија
Богдан Бетински – Сениори, Кик лајт/ -74кг – Бронзен медал, победа против Израел, пораз против Бугарија во полуфинале
Петар Гишев – Сениори, Кик лајт/ -63кг – Сребрен медал, победа против Пуерто Рико, победа против Италија и пораз во финале од Унгарија.

Тимот беше предводен од двајца тренери и македонски кик бокс репрезентативци, Димитар Ѓорѓиев (освојувач на турнирот во 2016 година, дисциплина  Лоу Кик) и Ненад Манојловски (освојувач на турнирот во 2009 година, дисциплина Лоу Кик).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот