Кијану Ривс воодушевен од реакциите на неговата улога во видео играта

кијану ривс
Фото EPA/FRANCK ROBICHON

Кијану Ривс одамна е многу популарен благодарение на одличните улоги во голем број на квалитетни филмови, а неговата најнова улога во играта “Cyberpunk 2077” претставува големо воодушевување за сите фанови.

Кратко по фантастичниот трејлер во текот на презентацијата на “Microsoft”, на бината на E3 саемот се појавил и самиот Кијану, што дополнително ја кренало атмосферата.

Актерот имал многу што да каже за својата улога во играта “Cyberpunk 2077”, но еден фан го прекинал со повикот дека го одзема здивот, што му обезбедило бесплатна копија од оваа долгоочекувана игра.

Неколку дена подоцна, и далеку од повиците на публиката, Кијану имал можност да ги открие впечатоците од појавувањето на E3 саемот и во самата игра и тоа од свој агол.

Тој за IGN зборувал за светот во Cyberpunk 2077, и за тоа какви одлични работи не очекуваат во играта, како и за својата улога како еден од споредните ликови кои ќе не следат во голем број на авантури.

Во едно интервју, директорот на XBox, Фил Спенсер, ги пренел впечатоците на актерот и открил дека Кијану бил едноставно воодушевен од позитивната реакција на публиката на неговото појавување, што малку и го збунило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот