Кијану Ривс ја запросил својата девојка Александра Грант во тајност!

Profimedia

Холивудскиот миленик Кијану Ривс (55) конечно ќе се венча со својата нова девојка, уметничката Александра Грант (46), тврдат странските медиуми.

Канадскиот актер својата девојка ја откри во јавноста прв пат минатата година на случувањето „LACMA Art+Film“, а таа е веднаш искритикувана од страна на публиката.

Всушност, Александра беше критикувана поради нејзиниот изглед и седа коса која не сака да ја фарба, па ја споредуваа со актерката Хелен Мирен, како и со мајката на Киану.

Киану никогаш не го слушал туѓото мислење и посебно е воодушевен од својата девојка, без разлика на лошите коментари, па сега американските медиуми тврдат дека ја запросил во тајност и планираат венчавка.

Изворт близок на парот открил во едно интервју дека Александра веќе ги споделила убавите вести со пријателите и тоа на забавата која ја организирала актерката Гвинет Палтроу, на која присуствувале и други холивудски ѕвезди како што се Деми Мур, Рејчл Зои и Кејт Хадсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот