Киев: Во руската област Курск заробивме над 100 руски војници, уништивме и авион

Официјален Киев соопшти дека Украина освоила нови територии во руската област Курск, каде што заробила дополнителен број руски војници и уништила авион.

Командантот на украинската армија, Олександр Сирски, во видео објавено на Телеграм изјави дека украинските сили напредувале еден до два километри во некои делови на Курск. Сирски додаде дека украинските сили денеска заробиле над 100 руски војници, кои ќе бидат заменети за украински затвореници.

Украинската армија, исто така, уништила руски авион Су-34, кој бил користен за напади на позиции и градови во Украина.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи вчера изјави дека Киев нема намера да окупира руска територија, туку целта е да се спречат ракетни напади од Курск врз Украина. Офанзивата ќе заврши кога ќе заврши војната во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот