Киев ветува дека ќе продолжи со ослободувањето на државата и народот, откако Русија ги анектира четирите региони

Украина знаме фото EPA-EFE/STRINGER

Украиските власти денеска соопштија дека војската ќе продолжи со својата контраофанзива против Русија на истокот од државата, откако Москва официјално анектираше четири украински региони и побара од армијата на Киев да престане со борбите.

„Со обидот за анексија на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, Путин се обидува да приграби територии што не ги контролира на терен. Ништо не се менува за Украина: продолжуваме со ослободување на нашата земја и нашиот народ, со враќање на нашиот територијален интегритет”, објави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин сѐ уште не планира посета на четирите украински региони кои официјално ги анектираше денеска, изјави неговиот портпарол за руските новински агенции.

„Сѐ уште не, има многу работа да се заврши, но со текот на времето тоа сигурно ќе се случи”, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот