Киев тврди дека вчера на Крим биле уништени огромен број руски авиони

ФОТО: Бомбардирани руски воени бази на Крим . ЕПА

Антон Герашенко, советник на украинскиот претседател, сугерира дека во вчерашната експлозија на Крим биле уништени голем број руски авиони.

Имено, Герашенко објави фотографија од сателит. Како што вели, станува збор за воздухопловната база на Крим каде вчера дојде до експлозија. На сликата, според Герашенко, има 24 руски воени авиони – 12 SU-24M и 12SU-25CM.

„Ова е слика пред експлозијата. Со нетрпение ја очекуваме онаа од потоа”, напиша тој на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот