Киев тврди дека Русија распоредува ракетни системи „Искендер“ во Белорусија

буква з симбол русија z
Фото: Danil Aikin / TASS / Profimedia

Руската армија подготвува нови ракетни напади врз Украина и тоа од мобилни лансирни рампи во Белорусија, тврди Генералштабот на украинската армија, јави ДПА.

Украинската Служба за воено разузнавање тврди дека ракетни лансирни рампи од типот „Искендер” се распредени во близина на Калинавичи, во југоисточна Белорусија.

Тврдењата на Киев не се потврдени од независни извори, додава ДПА.

„Искендер” е мобилен ракетен систем способен да лансира балистички ракети со краток дострел и крстосувачки ракети. Експертите забележуваат дека проектилите после лансирањето исфрлаат т.н. „мамки” за да ги збунат радарите или системите за противвоздуишна одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот