Киев со осуда на руските избори на Крим

Крим парламент фото МИА

Министерството за надворешни работи на Украина ги осуди руските избори на окупираниот Крим, нагласувајќи дека со тоа се прекршува меѓународното право.

– Уште еднаш нагласуваме дека резултатите од „изборите“ на привремено окупираната територија на Автономната Република Крим се безвредни, а самите „избори“ се нелегитимни, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството додаде дека инволвираните во „подготовката и одржувањето на „изборите“ ќе бидат кривично гонети во согласност со сегашното законодавство на Украина“, пренесува Бета.

Од 6 до 8 септември, руските власти во окупираниот регион одржаа гласање за парламентот на Крим, наметнат од Русија, општинскиот законодавен дом на пристанишниот град Севастопол и членови во локалните совети.

Русија го окупираше Крим во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот