Киев: Русија регрутира осудени жени од окупираните територии на Украина

Руските сили во Украина регрутираат осуденици од казнените колонии во окупираните региони на Украина за да помогнат во нивните воени активности, се вели во извештај на украинската војска.
„За да ги надомести загубите во работна сила, непријателот се обидува да привлече осудени жени да учествуваат во војната. За една недела окупаторите регрутираа околу 50 жени од казнената колонија на градот Снижне, во привремено окупираната област на Доњецката област. Добивме информација дека тие се испратени на обука на територијата на Руската Федерација“, се наведува во извештајот на украинската војска, пренесен од „Скај Њуз“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтот на истокот на земјата се влошува и дека Русија „фрла се повеќе војници во борбата“.
„Честопати морав да кажам дека ситуацијата на фронтот е тешка и дека станува се потешка. .. Тие вложуваат сè повеќе од своите сили во разбивање на нашата одбрана. Сега е многу тешко во Бахмут, Вуледар, Лиман и други правци“, рече Зеленски во своето обраќање
Крвави битки за три града, Зеленски ja обвини Русија дека „фрла се повеќе војници во борба“