Киев го повика бугарскиот амбасадор во врска со изјава на Радев за Крим

Румен Радев Rumen Radev
Румен Радев / Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD

Kостадин Којабашев, амбасадорот на Бугарија во Киев, утрово беше повикан во украинското МНР за да му биде предадено несогласувањето на земјата со изјавите на претседателот Румен Радев за време на синоќешната предизборна дебата Крим кога тој изјави – „Во моментов е руски, каков и да е”.

Во соопштението од Министерството тие зборови се оценети како некорктни и недозволиви.

„Беше нагласено дека зборовите на актуелниот бугарски претседател не придонесуваат за развојот на добрососедските односи меѓу Украина и Бугарија и остро се контрадикторни со официјалниот став на Софија за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја во нејзините меѓународно признати граници. Очекуваме бугарскиот претседател Румен Радев да ја повлече неговата вчерашна изјава”, се вели во текстот.

Извор: МИА

ВИДЕО | Радев: Крим во моментов е руски. Герџиков: Крим е окупиран од Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот