Киев до Будимпешта: Нема мировни предлози засновани на наративот на Русија

Дмитриј Кулеба / Фото: Profimedia

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска изјави дека го информирал својот унгарски колега Петер Сијарто за случувањата на бојното поле и подготовките за вториот меѓународен мировен самит во Украина.

„Во овој контекст, истакнав дека нема мировни иницијативи засновани на наративот на Русија“, рече тој во објавата на платформата Икс.

Средбата уследи по посетите на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Киев, Москва и Пекинг на разговори кои тој ги опиша како „мировна мисија“.

Украина објави дека разговорите во Москва не се одржани во консултација со Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот