Киев бара од ОН да ја преземат контролата врз нуклеарната централа „Чернобил”

Чернобил/Фото: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Украина упати повик до Советот за безбедност на ОН да прогласи  нукларната централа „Чернобил“ за специјална безбедносна зона, јави ДПА.

Весникот „Украинска правда” ја пренесува изјава на вицепремиерката, Ирина Верешчук, која вели дека меѓународната мисија би ја презела контролата врз областа на нуклеарната централа.

„Неодговорните и непрофесионални активности на руските трупи претставуваат сериозна закана, не само за Украина, туку и за стотици милиони Европејци. Затоа го повикуваме Советот за безбедност на ОН да преземе итни мерки за демилитаризација на забранетата зона на нуклеарната централа „Чернобил” со распоредување специјална мисија на ОН во регионот”, вели Верешчук.

Повикот на Киев е во насока на намалување на ризикот од уште една несреќа во Чернобил, оттаму што според украинската вицепремиерка, руските трупи распоредиле огромно количество муниција и оружје во зоната околу реакторот, а истовремено во областа регистрирани се и големи шумски пожари, што според неа, може да има сериозни безбедносни последици.

Министерството за животна средина на Украина во саботата информираше дека на територијата на Чернобил биле забележани вкупно 31 пожари.

Забранетата зона на нуклеарната централа „Чернобил” е под руска контрола. Во куполата изградена над уништениот реактор во несреќата од април 1986 година и денеска се складира нуклеарен отпад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот