Киелце го издржа налетот на ПСЖ и оди во Келн

фото: PSG

Екипата на Киелце е третата екипа која ќе игра на завршниот турнир на Лигата на шампионите  во Келн откако успеа да го издржи налетот на ПСЖ кој важеше за главен фаворит за титулата. Францускиот тим победи со 35:26, но триумфот од 10 голови во првиот натпревар, го однесе Киелце во Келн.

Ракометарите на ПСЖ на полувремето имаа ветувачки седум голови предност (18:11) и фуриозно тргнаа во вториот дел за да ја анулираат негативата од првиот натпревар. „Светците“ благодарение на двата гола на Микел Хансен дојдоа по посакуваната предност (32:21) во последните 10 минути од средбата. При 34:23, Алекс Душебаен постигна гол, а притоа изнуди и исклучување од Хансен, кое беше трето за него по што доби црвен картон.

Потоа Агинагалде постигна гол со кој го донесе Киелце на минус девет, на три минути до крајот, со што го доведе ПСЖ во позиција да мора да победи со 11 голови разлика.

Притисокот ги принуди „светците“ на грешки, промашија во следните два напади, подарок кој Киелце знаеше да го искористи и да обезбеди пласман на фајнал фор турнирот во Келн.
На крајот залудна беше одличната игра на Ремили кој постигна дури 12 голови, додека кај Киелце најпрецизен беше поранешниот вардарец, Лука Циндриќ со шест голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот