САД: Киднапирано девојче преку Снепчет се спаси од силувачи

снепчет
Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Девојче успеало преку социјалната мрежа Снепчет да ги информира своите пријатели дека е киднапирана, а притоа им ја испратила својата локација.

Четрнаесетгодишно девојче успеало да се спаси од тројца киднапери во Северна Калифорнија, благодарение на социјалната мрежа Снепчет.

Петнаесетгодишниот Алберт Томас Васкес во вторникот на девојчето му дал супстанции кои ја онеспособиле, а потоа ги повикал двајца пријатели за да му погмонат да ја внесат во автомобил, соопштено е од полицијата.

Според наводите, Васкес потоа сексуално ја злоупотребувал девојката во автомобилот, а потоа заедно ја однеле во мотел во Сан Хозе, кадешто повторно ја злоупотребил, пренесува Си-Ен-Ен.

Девјочето сепак успеало по пат на социјалната мрежа Снепчет да ги информира своите пријатели дека е киднапирана, а притоа им ја испратила својата локација.

Нејзините пријатели повикале полиција која брзо стигнала во мотелот и тоа во моментот кога Васкес се обидувал да го напушти. Тој е уапсен за киднапирање со намера за силување на дете, лажно претставување и силување по користење на супстанции.

Неговите соучесници се обвинети за киднапирање и завера.

Снепчет овозможува комуникација на корисниците, испраќање на фотографии и видео-клипови, а можно е и да се сподели својата локација со следачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот