Киднапирани, па ослободени од Боко Харам: Нигериските ученички на сигурно и во добра состојба

Фото: EPA-EFE/STR

Сите 279 нигериски ученички кои беа киднапирани од училиште во северната држава Замфара се ослободени и се наоѓаат во владин објект, изјави Бело Матавале, гувернер на државата.

– Среќен сум што објавувам дека сите девојки се ослободени, изјави Бело Матавале. Тие само што пристигнаа во владината зграда и се во добра здравствена состојба, дополни тој.

Претходно беше соопштено дека биле ученичките киднапирани од страна на исламистичката група Боко Харам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот