Кицев: Техничката Влада направи хаос во МВР, но МПС успеа да ги стабилизира работите

Тридневната медијација која репрезентативниот Македонски полициски синдикат (МПС) успеа да ја направи – помеѓу техничката заменик министерка и техничкиот министер за внатрешни работи, по овие „бурни“ два месеци за полициските службеници и што е договорено за средбата, беше само мал повод во „Утрински брифинг“ на „Слобода ТВ“ да гостува Марјан Кицев, претседател на Македонскиот полициски синдикат.

– Со доаѓањето на техничката влада кај нас дојде и технички министер и тој според законот за техничка влада си има право за распоредување на одреден број (15) раководни места и 10 проценти по хоризонтала. На адреса на МПС почнаа да пристигнуваат голем број на поплаки од колеги кои што се засегнати од распоредувањата. Целата работа ескалира кога почнаа да се поништуваат решенијата и одлуките што ги носеше министерот за внатрешни работи. Се случуваше денес да добие една наредба, утредента да е поништена од страна на Владата и тоа влијаеше негативно на работата. Токму поради тоа ние почувствувавме и потреба и обврска да се вклучиме да се решат работите- вели Кицев.

Се „спуштивме“ во Едницицата за брзо распоредување (ЕБР) каде што беа најголемите проблеми, вели Кицев, бидејќи таму се менуваа командантите на единицата и луѓето не знае кои наредби да ги слушаат.

-Ова според Синдикатот е една од најважните единици која ја гарантира безбедноста на државата и токму затоа не смеат да жпостојат политички игри во овие специјални едниници. Техничката Влада направи хаос во Министерството за внатрешни работи (МВР) и сметам дека ова треба да се укине за наредните избори, бидејќи само внесува недоразбирање кај службениците- вели Кицев.

Кицев зборуваше и за историскиот напредок да се земе бонус плата, нешто што беше законски пропишано но никогаш испочитувано.

– Што се однесува до фотографиите од полициските службеници, Кицев вели дека до овој момент било кој е казнет за ова дело- вели Кицев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот