Кичево презема мерки да го изолира првиот случај со ковид-19

По информација за првиот резидентен случај во општина Кичево со коронавирус, која беше објавена од градоначалникот Фатмир Дехари, попладнево заседаваше Кризниот штаб кој донесе одлука да се преземат превентивни мерки во насока за изолирање на случајот.

Градоначалник Дехари, информираше дека по овој случај имал контакти со министерот за здравство, Институтот за јавно здравје во Битола и вработените во болницата, кои гарантирале дека сомнителните случаи се во изолација, како и дека сите членови кои имале контакти со заразениот со „Ковид-19″ ќе бидат тестирани.

Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, изразувајќи благодарност до граѓаните кои скоро три месеци биле пример за сите други градови, апелира да не се занемари оваа состојба, особено сега по олеснувањето на мерките. Тој побара жителите на Општина Кичево да покажат трпеливост, зрелост и грижа како досега.

Тој информира дека е во постојан контакт со сите институции, во својство на шеф на Кризниот штаб и дека најдобриот лек или доктор за оваа пандемија е самодисциплината на секој од нас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот