Кичевец во склоп на црква пронашол рачна бомба

Кичевец вчера наутро пријавил во полиција дека пронашол рачна бомба во склоп на црква, информира МВР.

-На 22.09.2020 во 09.20 часот во Полициска станица Кичево, Д.П.(46) од Кичево пријавил дека при реконструкција на објект во склоп на селската црква во село Дупјани била пронајдена рачна бомба која потекнува од Втората светска војна- велат од МВР.

Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа е подигната за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот