Кичевец со „лада нива“ прегазил шумски полицаец

Фото: Архива

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против триесет и тригодишниот В.Р.  од Кичево поради сомнение за напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста.

Според пријавата, В.Р. бил затекнат од патрола на Шумската полиција додека извршувал нелегален транспорт на огревно дрво со возило „Лада Нива“. При обидот да го запре патролата, В.Р. не се застанал на даден знак од овластените службеници, а наместо тоа, удрил еден од шумските полицајци, по што побегнал од местото на настанот.

„Нападот на службеното лице е сериозен инцидент кој го стави во опасност животот на нашите полицајци, кои во текот на својата работа се изложени на ризици. Се надеваме дека оваа кривична пријава ќе биде основа за понатамошни правни дејствија“, изјавија од полицијата.

По преземените мерки и активности, полицијата успеала да го пронајде В.Р., кој бил лишен од слобода и ќе се соочи со обвинение за напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот