Кичевец излетал од пат со автомобилот, притоа се здобил со тешки телесни повреди

Полиција/ фото: МВР

Вчера во 11 и 10 часот во ОВР Кичево пријавено е дека на локалниот пар кај село Староец,П. Г(67) од Кичево, управувајќи патничко моторно возило „опел астра” со охридски регистарски ознаки, загубил контрола над возилото и излетал надвор од патот.

-При оваа сообраќајна незгода, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Причините за излетувањето допрва ќе се утврдуваат, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот