Кичевец сечел дрва од шума на негови соселани

Дрва за огрев Фото: Арбнора Мемети

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против триесетгодишниот дрвокрадец Ш.И. од кичевското село Туин. Тој е обвинети дека сторил казнено дело „пустошење на шума“.

Според МВР, во периодот од август до октомври минатата година, исекол 400 дабови стебла, односно 184 метри кубни дрва за огрев.

Шумата била во сопственост на негови соселани, и се наоѓала во месноста викана Башоски ливади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот