Кичевчанец со нож ранил сограѓанин додека заедно биле на гости

22-годишен кичевчанец ранил речиси двојно постар сограѓанин, додека биле на гости кај заеднички пријател, соопшти МВР.

На 07.11.2021 во 22.45 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Р.М.(22) од Кичево, затоа што претходно, во куќа на заеднички пријател на ул.„Прилепска”, по кратка расправија, со остар предмет му нанел повреда на М.Д.(41) од Кичево. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот