Кичеец не планира да признае вина за „Рекет“, вели неговиот адвокат

Фото: Слободен печат

Во вечерашното гостување во 24 анализа, Александар Новаковски, бранителот на Зоран Милески Кичеец во предметот „Рекет“ потенцираше дека имало голема хајка во врската со исказот на обвинетиот Милески, бидејќи и самиот тој го немал исказот на Јанева.

Тој рече дека признавањето на вина зависи од презентираните докази. На прашањето дали неговиот клиент ќе ја признае вината за случајот, адвокатот Новаковски беше категоричен.

-Излегоа некои искази од сведоци. Во случајот, исказот во таа фаза никогаш не се дава. Не сме размислувале досега за признавање на вина. Таа опција постои во законот, нас ни ја дава таа опција законот – рече Новаковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот