КФСМ ќе биде организатор на завршницата во Купот

фото: КФСМ

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) ќе биде организатор на завршницата во Купот кој по една година повторно се игра. Минатата година не се одигра завршницата поради пандемијата на коронавирусот, а , а оваа година завршниот турнир ќе се игра во салата СРЦ „Кале“ и ќе го носи името  „Благоја Георгиевски – Буштур“ во чест на легендарниот македонски кошаркар.
Завршниот турнир во женска конкуренција ќе се игра на 7. и 8. мај, додека мажите ќе играат од 14. до 16. мај.

„Кошаркарската Федерација ќе ги организира завршните турнири од Куп-натпреварувањето за 2021 година.

Осумте најдобри екипи во машка сениорска конкуренција ,односно четирите најдобри екипи во женска сениорска конкуренција ќе се надигруваат меѓу себе за да стигнат до престижниот трофеј од кошаркарскиот Куп, кој од ова издание ќе го носи името на Благоја Георгиевски – Буштур.
Бранители на трофеите се кошаркарскиот колектив Работнички, кој воедно е и најтрофеен во машка конкуренција, додека кај дамите е женскиот кошаркарски клуб Вардар кој ги освои последните три изданија (2017, 2018 и 2019 година).
По пауза од шест години, завршницата од Купот се враќа во нашата престолнина Скопје. Последен пат Скопје беше дел од Куп-приказната во 2015 година, а оттогаш завршницата се одигра на терените во Гевгелија (2016 и 2019 година) и во Кавадарци (2017 и 2018 година). Ланското издание на кошаркарскиот Куп беше одложено поради пандемијата со COVID-19.
Завршниот турнир во женска конкуренција, оваа година ќе се одигра на 7. и на 8.мај, додека осумте најдобри во машка конкуренција ќе се борат за трофејот во периодот од 14. до 16. Мај“, објави КФСМ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот