КФОР: Полициската акција на северот од Косово беше еднострана одлука на властите во Приштина

КФОР / Фото: Архива

Полковник Андреа Галиени, портпарол на КФОР, изјави дека институциите во Приштина не ги координирале акциите што ги преземале на северот на Косово и дека станува збор за еднострана операција претседателите на општините присилно да ги запоседнат зградите на локалната самоуправа.

Тој, на прес-конференција во Приштина, изјави дека секогаш е во контакт со сите актери во регионот, со институциите на Косово, српската одбрана и другите страни во приказната, и дека настаните започнале неколку дена пред 29 мај, додавајќи дека за тоа немало никаква координација.

„Тоа беше еднострана одлука на косовските институции насилно да ги пуштат градоначалниците во нивните канцеларии. Подоцна се организиравме да се распределиме во овие општини, како што и се случи тоа на 29 мај и да застанавме меѓу двете страни“, рече Галијени.

Тој нагласи дека е важно сите страни да се воздржат од реакција бидејќи, како што покажа оваа ситуација, може да ескалира на повисоко ниво на насилство и многу е важно да не се преземаат еднострани дејствија.

КФОР реагираше на ситуацијата

Говорејќи за чекорите што ќе ги презеде КФОР во случај на ескалација на ситуација, Галиени рече дека во моментов ја следат состојбата и се подготвени да реагираат. Единиците на КФОР се обучени за справување со каква било безбедносна ситуација“, нагласи италијанскиот полковник. Тој објасни дека КФОР само реагирал на ситуацијата, која настанала меѓу двете страни.

„Тоа не е координирана акција со косовската полиција. Тоа е реакција на КФОР на она што се случи откако полицијата презеде некои акции и откако толпата реагираше така“, рече Галијани.

Галиени истакна и дека не знае кога војниците на мисијата ќе ги напуштат општините на северот на Косово.

„Нема датум бидејќи КФОР не постапува според планот, туку во согласност со безбедносната ситуација и како кризата продолжува. Се додека постои ситуација на тензија која може да експлодира и да ескалира до степен на насилство во секој момент. КФОР ќе биде присутен на северот“, прецизираше Галиени.

Нестабилна ситуација

Тој ја опиша актуелната ситуација во северно Косово  како „нестабилна додека не се постигне договор меѓу страните“, најавувајќи присуство на КФОР на терен до постигнување договор.

Осврнувајќи се на настаните од 29 мај, Галиени рече дека КФОР зазеде позиции околу општинската зграда во Звечан со цел да се спречи понатамошна ескалација на протестите, бидејќи полициските единици упаднаа во општинската зграда неколку дена претходно.

„Откако четворицата градоначалници се обидоа насилно да стигнат до нивните канцеларии во деновите пред тоа, КФОР беше таму за да спречи понатамошна ескалација на протестите на 29 мај. Голем протест се одржа во општина Звечан. Обидувајќи се да застане меѓу страните, војниците на КФОР се вклучени во насилен протест“, рече Галијани.

Повредени војници на КФОР

Галијани изјави дека за време на протестот многу војници на КФОР биле повредени од камења, рачно изработени експлозивни направи и употреба на оружје.

„Јасно беше дека луѓето се обидуваат мирно да протестираат, но беше јасно дека зад нив се кријат одредени криминални групи, кои се обидоа да го нападнат КФОР“, рече Галијани.

Тој додаде дека за време на протестот многу италијански и унгарски војници биле повредени со употреба на цевки, камења и експлозивни направи, но дека ниту еден од нив не бил во опасност по животот.

Заврши распоредувањето на турските војници

Тој посочи дека е горд на однесувањето на војниците на КФОР кои застанаа меѓу двете страни и со тоа спречија натамошна ескалација меѓу Албанците и Србите, што секако ќе доведеше до жртви.

„По 29 мај, НАТО одлучи да го засили КФОР, со испраќање дополнителни војници. Од 5 јуни почнаа да се распоредуваат дополнители 500 турски војници во контингентите во Косово. Распоредувањето е завршено. Тие се обучуваат и ќе бидат подготвени за неколку дена да се распоредат се со цел да се поддржат трупите на КФОР“, изјави Галиени.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот