КЕВИН СПЕЈСИ ВО БЕЛГРАД! Вечераше со фамилијата Ѓоковиќ

Profimedia

Познатиот американски глумец, Кевин Спејси, беше уловен од страна на српските медиуми како вечера во ресторан во Белград. На познатиот глумец, покрај другите луѓе друштво му правел и Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Кевин и братот на тенисерот зборувале за хуманитарна работа, додека Спејси уживал во традиционалните јадења.

Познатиот глумец пиел жесток алкохол и кисела вода, а машкото друштво, како што се чини, не им придавало значење на љубопитните погледи од околните минувачи.

Profimedia

Но во еден момент ги спуштиле ролетните за да може Кевин на раат да вечера без да го фотографираат.

Ѓорѓе и Кевин го споменувале Новак и неговите навики во исхранта, додека разговарале за работата, филмови и останати теми, пренесуваат српските медиуми.

Инаку Кевин Спејси дошол во Белград, во строга тајност за да снима серија. Сè уште не е познато која е серијата, но тој исто така бил забележан како шета низ улиците на главниот град, а бил и во посета на Народниот театар.

Profimedia

Исто така, и актерката Вања Милачиќ објавила фотографија на Инстаграм на која таа и нејзината колешка Марија Вицковиќ се во друштво на оскаровецот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот