Кевин Спејси првпат се појави на суд во Лондон: Му се заканува затворска казна до 20 години

кевин спејси
Кевин Спејси / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Кевин Спејси ги негира наводите за сексуално злоставување, изјави неговиот адвокат денес кога оскаровецот првпат се појави пред британскиот суд, а поради обвинение би можел да добие 20 години затвор.

Минатиот месец, обвинителите го одобрија обвинението против 62-годишниот Спејси по четири точки од тужбата за сексуален напад врз тројца мажи и уште една точка за поттикнување на пенетративен сексуален чин без согласност. Обвинителите тврдат дека Спејси го принудил мажот на орален секс.

кевин спејси
Кевин Спејси / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Пред судницата во Лондон го пречекаа бројни претставници на медиумите преку кои обезбедувањето на актерот мораше да пробие за Спејси да успее да влезе во судницата.

Таму тој само потврди дека се вика Кевин Спејси Фаулер и ја кажа неговата адреса во Лондон. Странските медиуми пишуваат дека тој не покажал емоции.

„Г-дин Спејси силно ги негира сите обвиненија во случајот“, изјави пред судот неговиот адвокат Патрик Гибс. Гибс рече дека актерот одговорил на сите обвиненија пред три години во САД и дека целосно соработувал со истрагата.

кевин спејси
Кевин Спејси / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Доколку биде осуден за сексуален напад, му се заканува затворска казна од шест месеци и парична казна, но поради другото дело кое се однесува на сексуален однос без согласност може да добие и казна од доживотен затвор. Полицијата соопшти дека нападите се случиле помеѓу март 2005 година и април 2013 година. Тие вклучуваат еден маж кој сега има четириесет и двајца кои се во триесеттите.

Спејси, некогаш една од најголемите холивудски ѕвезди, во голема мера се повлече од јавниот живот откако беше обвинет за сексуален напад пред пет години. Тој освои Оскар за главна улога во филмот „American Beauty“ и споредна улога во „The Usual Suspects“. Откако на виделина излегоа наводите за сексуално вознемирување, Спејси беше избркан од тв серијата „House of Cards“ и од филмот „All the Money in the World“.

Повеќе написи на темата:

 

Кевин Спејси се соочува со обвиненија за сексуално злоставување на тројца мажи

Кевин Спејси за сексуалните напади „доброволно“ ќе се појави на суд во Велика Британија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот