Кевин Мекарти: Кризата на границата меѓу САД и Мексико е повисок приоритет отколку помошта за Украина

Фото: Profimedia

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти денеска изјави дека решавањето на кризата на границата меѓу САД и Мексико е повисок приоритет отколку помошта за Украина.

„За мене приоритет се Америка и нашите граници. Го поддржувам испраќањето на оружје на Украина што и е потребно, но силно ја поддржувам заштитата на границите. Затоа мора да најдеме начин да го направиме тоа“, рече Мекарти, гостувајќи на телевизијата Си-Би-Ес.

Тој посочи дека американската граница е важна и дека повеќе Американци гинат на нивните граници отколку во Украина.

-Украина нема да добие голем пакет помош доколку нашата граница не е безбедна, рече Мекарти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот