20.8 C
Скопје

Кевин Гатри осуден на три години затвор по сексуален напад врз негова колешка: Неговата ДНК е пронајдена на нејзината долна облека

Актерот Кевин Гатри е осуден на три години затвор за сексуален напад врз помлада актерка.

Кевин ја искористи 29-годишната девојка, патем и негова помлада колешка по заедничко ноќно излегување. Нападот се случил во станот на актерката Скота Рајда во Келвиндајл, Глазгов, во септември 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by REACTKING MONKEY (@reactkingmonkeyy)

Гатри, кој е познат и по улогата во филмот „Sunshine on Leith“, претходно на судењето рече дека тој и „помогнал“ на девојката откако и се слошило по ноќното излегување. Сепак, истрагата открила дека неговата ДНК е пронајдена на нејзината долна облека, пренесува „The Sun“.


Жртвата раскажала по сеќавање дека актерот и се понудил да и помогне, да преспие во станот при што го искористил моментот да ја злостави. Кевин изјавил дека случајот може да биде „фатален“ за неговата кариера, но шерифот Том Хјуз истакнал дека ја искористил „ранливата“ девојка – додека Скота обидувала да најде медицинска помош бидејќи актерката таа вечер не се чувствувала добро.

Нападот се случил меѓу 30 септември и 1 октомври 2017 година. Гатри е осуден на три години затвор од судот во Глазгов во петокот, пренесува „STV News“.

Поврзани вести

Марго Роби прозборе за бракот и различностите со својот соптуг Том Акерли

Слободен Печат

Ова се петте хороскопски знаци кои се најголеми „авантуристи“ во кревет

Слободен Печат

Иконата на соул музиката Дијана Рос со нов, 25-ти соло албум

Слободен Печат

Поранешни криминалци споделуваат искуство од прва рака: Најлошиот дел од туширањето е…

Слободен Печат

ВИДЕО | Вил Смит се обидува да се врати во форма по карантините: Се обидувам да се сетам како се користеше теретана

Слободен Печат

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Слободен Печат

Остави Коментар