Кетрин Зита-Џонс открива кој е мажот што најмногу ја инспирира

Иако живее со двајца мажи, сопругот Мајкл Даглас и синот Дилан, сепак мажот што најмногу ја инспирира не е еден од нив!

Како што открива на својот инстаграм-профил, станува збор за нејзиниот татко Дејвид Џејмс Џонс кој отсекогаш бил најголема поддршка.

„Денес е роденден на татко ми! Тој е личноста која најмногу ме инспирира! Среќен ти роденден тато!“, напиша на својот инстаграм-профил актерката Кетрин објавувајќи фотографија на која позира со татко ѝ.

Instagram

Кетрин Зита-Џонс е родена во Велс на 25 септември во 1969 година. Нејзиниот татко, сопственик на фабрика за колачи е во среќен брак со мајката на Кетрин, Патриција која по професија е кројачка. Нејзиниот татко исто така е роден во Велс додека мајка ѝ потекнува од ирско католичко семејство. Името го добила по своите баби, Зети Џонс и Кетрин Фер. Кетрин Зита-Џонс има двајца браќа.

Семејството живеело во предградјето на Мумблес. Поради хиперактивноста на Кетрин нејзините родители одлучиле со четири години да ја запишат во училиште. Иако биле едноставно семејство од средната класа, ситуацијата се сменила кога играјќи бинго освоиле 100.000 фунти, што им овозможило да продолжат да ѝ ги плаќаат курсевите по балет и танц.

Instagram

Иако веќе одамна таа живее илјадници километри од Велс, своето потекло гордо го истакнува, како и блискоста со своите родители и браќа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот