Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас ги прославија своите родендени кои се паѓаат на ист ден

Мајкл Даглас
Мајкл Даглас, Кетрин Зета Џонс / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Познатата холивудска двојка ужива во секој момент од бракот, а минатиот викенд ги прославија своите родендени. Родени се на ист ден, 25 септември, а тој е 25 години постар од неа. Актерката го прослави својот 53, а актерот 78 роденден.

„Роденден ни е! По 24 години прославување на нашиот посебен ден заедно, сè уште се радувам на него. Те сакам!“, напиша Кетрин Зета Џонс покрај фотографиите со Мајкл Даглас.

Славниот холивудски пар на 25 септември го прослави 49-от роденден на Кетрин и 74-от роденден на Мајкл.

Да потсетиме, парот се запозна во 1998 година, а по едногодишна врска се венчаа во 2000 година, веднаш откако Даглас се разведе од поранешната сопруга Диандра Лукер. Познатиот актер во една прилика изјави, а потоа Зета Џонс потврди, дека откако се запознале многу брзо се заљубиле еден во друг.

Недолго потоа се роди нивниот син Дилан, а три години подоцна и нивната ќерка Керис. Синот Дилан пред неколку години беше испратен да студира на Универзитетот Браун, додека Керис, која веќе ја нарекуваат копија на нејзината мајка, се почесто се појавува во медиумите како моден познавач и модел.

Низ годините нивниот брак поминал низ разни турбуленции. Откако на двократниот оскаровец му беше дијагностициран рак на јазикот во 2010 година, Кетрин истовремено се борела со биполарно растројство. Нивниот брак влегол во криза и решиле да живеат одвоено, но се смириле истата година. Подоцна Даглас истакна дека е среќен што ја има Зета Џонс за жена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот