Кетрин Зета Џоунс се присети на старата улога: Трчаше во црвено бикини по плажа (ВИДЕО)

Актерката Кетрин Зета Џоунс (50) се присети на улогата во комичната серија „The Darling Buds of May“ од 1991 година и објави сцена од плажата на која трча и влегува во морето со црвено бикини на неа.

Серијата имаше 3 сезони, а Кетрин имаше една од главните улоги покрај еден од најголемите британски телевизиски актери Дејвид Џејсон (80).

Многу нејзини обожаватели се сеќаваат на таа нејзина сцена.

„Тогаш мислев дека си најубавата жена која некогаш сум ја видел. Ти благодарам на спомените, ја обожавав серијата!“, напишал еден од нејзините фанови, а многумина се согласија дека тоа црвено бикини одлично ѝ прилега.

За време на снимањето на серијата Кетрин имала едвај 20 години и тоа и било првата, поголема улога. Таа ѝ ги „отвори вратите“ за многу наредни улоги, а 10 години после завршување на емитувањето на серијата, Кетрин освои и Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Chicago“.

Две години пред тоа, таа ја освои холивудската ѕвезда Мајкл Даглас (75) и се венчаше со актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот